Во пладневните часови, односно во периодот од 12 до 17 часот, Акрополот во Атина ќе биде затворен за посетители, поради високите температури најавени за денеска, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за култура на Грција соопштија дека последните посетители ќе влезат на Акропол во 12 часот, кога и ќе затвори за повторно да ги отвори портите во 17 часот.
Останатите археолошки локалитетите во Атина ќе работат нормално.
Во Грција денеска се очекуваат температури над 40 степени