Со премиерата на филмот „М“ отворен 22. CINEDAYS

kultura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со македонската премиера на филмот „М“ на Вардан Тозија беше отворен 22. Меѓународен фестивал на европски филм – CINEDAYS.

– Имаме совршено отворање на фестивалот, повеќе од 1000 гледачи го следеа филмот „М“ на Вардан Тозија без здив, и во паркот зад МКЦ и во киното Фросина. Благодарност до режисерот Тозија и продуцентот Дарко Попов кои ни овозможија Скопје вечерва да ја добие посакуваната фестивалска атмосфера и заедно со комплетната авторска и актерска екипа да го имаме ова задоволство, истакна програмскиот координатор на CINEDAYS, Маргарита Арсова.


Под слоганот „Муви најт“, Скопје до 18 овој месец ќе живее во филмот на CINEDAYS, со редуциран број на локации и филмови на репертоарот.

– Ние како тим се трудиме вечерашниот фестивалски филмски шарм и содржина да ги одржиме низ целото издание на CINEDAYS затоа што имаме одлична програма која витешки ја сработивме со драстично намален буџет. Се надевам дека годинешниов исклучок нема да биде практика, рече Арсова.

Билетите за CINEDAYS се по цена од 200 денари, за сите филмови. Фестивалот е поддржан од Кинотека на Македонија, Публицис, Скопска пивара, ЕУ за ТЕБЕ, Неотел, Гете институт, Агенцијата за филм на РСМ и Град Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK