Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го почна карванот „Иднина за сите во Македонија“

popov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 13 јули 2023 

„Како што веќе најавивме денес како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ започнуваме со караванот „Иднина за сите во Македонија“. Тоа е еден караван во кој ние ќе посетиме повеќе  населени места. Ќе се сретнеме со млади луѓе од сите сфери на општественото живеење. Ќе разговараме со младите земјоделци, лекари, спортисти и со сите категории млади луѓе. Ќе ги слушнеме нивните проблеми и нивните предлози. Ќе ги кажеме нашите идеи и ќе го побараме нивното мислење за тие наши идеи“, истакна Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов при денешниот прв караван „Иднина за сите во Македонија“.


Тој додаде дека сето ова ќе финишира со изработка на една сеопфатна младинска програма која ќе биде и младинска понуда на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе прерасне и во понуда на ВМРО-ДПМНЕ кон младите луѓе со која понуда ние ќе ја побараме поддршката од младите луѓе на следните парламентарни избори.

„Целиот овој караван, средби и консултации со младите луѓе ќе завршат со дводневен саем на младите кој ќе се одржи на 22 и 23 јули во Македонската опера и балет. Очекувајте многу интересни проекти и многу корисни работи од кој добробит ќе имаат сите млади луѓе во Република Македонија. Ние сакаме силна држава Република Македонија во која ќе можеме да ја градиме нашата иднина дома, а не надвор“, посочи Попов.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK