– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за влез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ потсетуваат дека поради асфалтирање, делницата Велес – Градско од вчера до 22.07.2023 година во периодот од 08:00 – 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.