Почна петдневен штрајк на британските лекари

strajk -ANGLIJA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Велика британија денеска почна петдневен штрајк на повеќе десетици илјади лекари, што веќе е оценет како најдолг штрајк досега во британското здравство. Помладите лекари, кои се на почетокот на нивните кариери, утринава го почнаа штрајкот стоејќи во редици пред болниците во Англија.

Британската медицинска асоцијација (БМА), синдикат на лекарите, побара зголемување на платите за 35 отсто за платата на помладите лекари да се врати на нивоата од 2008 година, кога ќе се земе предвид инфлацијата.


Во меѓувреме, бројот на работни места во Англија се зголеми на околу 75.000, бидејќи листите на чекање се на рекордно високо ниво од пандемијата на коронавирусот.

-Денеска е почетокот на најдолгото напуштање на работните места на лекарите во историјата на нашиот здравствен систем, но ова сè уште не е рекорд што треба да влезе во историските книги, велат водачите на БМА, Роберт Лоренсон и Вивек Триведи.

Тие ја повикаа Владата да се откаже од „бесмислениот предуслов“ да не разговара додека се најавуваат штрајкови.

Владата, која се соочува со серија штрајкови на работниците во многу области од јавниот сектор, цврсто стои на својата одлука да не преговара додека се одржуваат штрајковите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK