Проект „Tоплотен бран 2023’’ во Кисела Вода за заштита од високите температури

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Кисела Вода, заедно со Општинската Организација на Црвен крст–Кисела Вода, започнаа со спроведување на проектот „Топлотен бран 2023’’.

Како што посочуваат од Општината, во населбите 11-ти Октомври-згради и Цветан Димов, во Драчево и Пинтија, мобилни екипи составени од возило на Црвениот крст, медицинско лице, претставници од месните заедици низ општината, волонтери на Црвен крст, на граѓаните им делат шишиња со вода, а добиват и препораки како да се заштитат од високите температури.


Проектот продолжува и во наредните денови во сите поголемите паркови, на фреквентни локации, на пазарите, на автобуските постојки, низ сите месни и урбани заедници. Како локална самоуправа апелираме до сите граѓани за почитување на здравствените препораки на надлежните институции додека трае овој топлотен бран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK