Средба на индискиот шеф на дипломатијата со Лавров, разговарале за економската соработка и за Украина

lavrov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Индискиот министер за надворешни работи Субрамањам Џаишанкар денеска изјави дека на маргините на состаноците на АСЕАН во Џакарта се сретнал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со кој разговарал за билатералната економска соработка и ситуацијата во Украина.

„Денеска се сретнав со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во Џакарта. Разговаравме за билатерални економски прашања, како и за прашања поврзани со украинскиот конфликт“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Индија.


Руското Министерство за надворешни работи во вторникот објави дека Лавров учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Русија и АСЕАН на 13 јули и на состаноците на највисоките дипломати на самитот во Источна Азија ЕАС и Регионалниот форум АСЕАН АРФ на 14 јули.

Се очекува рускиот министер да оствари серија билатерални средби на маргините на дипломатските настани во Џакарта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK