Баерн подготвен да го чека Кејн до идното лето

kejn
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот весник „Билд“ објави дека Баерн Минхен, но и англискиот репрезентативец Хари Кејн, се подготвени да чекаат до идното лето за да се реализира трансферот на напаѓачот на Тотенхем во баварскиот гигант.

Баерн е силно заинтересиран за услугите на Кејн, а желба да го засили германскиот првак има и англискиот фудбалер, но рампата за трансфер во моментов е спуштена од раководството на Тотенхем.


Лондонскиот премиерлигаш претходно ги одби двете понуди на Баерн, од 82 и 94 милиони фунти.

Според англиските медиуми, раководството на Тотенхем може да му дозволи на Кејн да го напушти клубот за сума од околу 115 милиони евра. ег/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK