Шефовите на ЦИА и ФСБ разговараа за Украина

cia
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин денеска изјави дека на крајот на јуни телефонски разговарал со неговиот колега од ЦИА, Вилијам Барнс за тоа „што да се прави со Украина“.

Минатиот месец „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит журнал“ објавија дека Бернс го повикал Наришкин за да го увери Кремљ дека САД немаат никаква улога во краткотрајниот бунт на руската платеничка група Вагнер од 23 до 24 јуни.


Барнс и Наришкин одржуваат комуникација од почетокот на руската војна во Украина, во време кога другите директни контакти меѓу двете земји се минимални, а односите се на најниска точка од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

Руските медиуми го цитираа Наришкин дека е можно тие двајца да се сретнат.

Нивниот последен таков состанок беше во Турција во ноември минатата година, кога американски официјални лица изјавија дека Барнс ја предупредил Русија за последиците од каква било употреба на нуклеарно оружје и го покренал прашањето за американските затвореници во Русија.

Наришкин, исто така, денеска рече дека Русија не слушнала „ништо изненадувачки“ од Самитот на НАТО во Вилнус.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK