Летните горештини започнаа, штедете ја водата, трошете ја рационално, апелираа попладнево од Јавното претпријатие „Комуналец” од Неготино.
-„Комуналец” е сервис на Неготино. Сервис на градот, сервис на жителите на општината. Се трудиме да бидеме и да постигнеме секаде каде што е потребно. Со помалку или повеќе успех. Свесни сме за своите можности и потенцијали, но и моменталниот капацитет. Можеме и знаеме повеќе и поквалитетно, но потребна ни е поддршка од граѓаните и од надлежните институции. Работевме и саниравме дефекти во Тремник, Војшанци, во центарот на градот. Го прибираме сметот од домаќинствата и од јавните површини. Се она што граѓаните го оставаат зад себе. Работиме и ги одржуваме парковите и јавните површини во општината, додадоа од претпријатието.
Оттаму замолија да се покаже граѓанска свест и одговорност. Или како што нагласија,„,да покажеме дека се почитуваме себеси и нашиот град”.