Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, која престојува во работна посета на Македонија.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, претседателот ја поздрави посетата на специјалната известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, којашто е фокусирана на активностите коишто ги презема Македонија со цел репатријација, гонење, реинтеграција и рехабилитација на нашите државјани, повратници од североисточна Сирија, како и враќање, рехабилитација и реинтеграција на странски борци, жени и деца кои имаат наводни врски со одредени терористички групи.
Пендаровски изрази задоволство од соработката со Комисијата за човекови права на ОН и нивната поддршка, експертиза во однос на законските решенија и политики за борба против тероризмот, истовремено обезбедувајќи заштита на човековите права и слободи. Извештајот за Македонија со наоди и препораки ќе биде презентиран пред Советот за човекови права во март 2024 година.