Македонски телеком АД Скопје добитник на награда за дигитализација

TELEKOM
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стопанската комора на Македонија денес е модерна водечка бизнис асоцијација кај нас и во регионот, партнер на државата и сервис на компаниите. По повод годишнината, Управниот одбор на Комората на седницата одржана на 21.06.2023 година, донесе одлука за доделување на награди во неколку категории.







Наша делегација во состав м-р Зоран Јовановски, потпретседател, Билјана Пеева-Ѓуриќ оперативен директор и м-р Михајло Донев, проект менаџер во Стопанската комора ја врачија наградата за дигитализација на Македонски Телеком АД Скопје на главниот извршен директор Никола Љушев по повод годишнината на Комората.

Македонски Телеком АД Скопје како технолошки лидер е посветен на создавање на најмодерна инфраструктура, воведување најнови технологии и понуда на напредни услуги и решенија за бизнисите и институциите, со цел поттикнувањена дигитализацијата како еден од клучните фактори за успешен раст и напредок на бизнисите, но и на целото општество.

За малите и средни компании се креираат: дигитални сертификати, fleet менџмент за возила, услуги за сајбер безбедност, Microsoft 365, виртуелни приватни сервери, cloud решенија, ERP ситем, веб хостинг, креирање веб страница и онлајн продавница итн.

Во доменот на паметни градови, имплементирани се повеќе решенија: Smart City платформа во град Скопје која вклучува: Smart Lighting, Smart Water Metering, Air Quality Smart Monitoring Stations, Smart Parking

– Smart Lighting во: Општина Македонска Каменица, Општина Чешиново-Облешево, Општина Василево, Општина Крива Планака

– Smart Weather Stations and Air Quality – Општина Македонска Каменица, Општина Чешиново-Облешево, Општина Василево

– Smart energy efficiency Општина Македонска Каменица, Општина Чешиново-Облешево, Општина Василево, Општина Крива Планака

За сите Smart City решенија се користи NB-IoT комуникација овозможена преку мрежната инфраструктура на Македонски Телеком.Овие решенија овозможуваатзголемување на  осветленоста на улиците и јавните места за 60%, намалување на сметките за електрична енергија на општините до 85% и најважното: намалување на штетните емисии на јаглерод диоксид во воздухот.

Во доменот на Cloud, вреди да се спомене изнајмувањето на приватен облак за примарен и секундарен податочен центар и миграцијата на апликации и податоци за Фондот за здравствено осигурување.Друга област на која Телеком дава посебен фокус е сајбер безбедноста и заштитата на деловните податоци каде нуди решенија во партнерство сосвои соработници.

Во соработка со ИПСОС, Македонски телеком спроведува детално и опширно истражување за степенот на дигитална зрелост на компаниите во Македонија. Преку Индексот на дигиталната зрелост, се покажува степенот на дигитална развиеност на една компанија согласно нејзините практики и подготвеност за користење на дигитални алатки и услуги. Секоја компанија може да го пресмета сопствениот степен на дигитализација со калкулатор кој ќе ги посочи предности и полињата за дополнително да се напредува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK