Со одлична динамика се одвива изградбата на резервоарот за вода во село Таринци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов кој денеска извршу увид во градежните работи вели дека со изградбата на овој резервоар ќе се реши и проблемот со водоснабдувањето на жителите на три села.
-Резервоарот е со капацитет од 200 метри кубни и ќе ги опслужува селата Таринци, Долни Балван и Нов Караорман. Очекуваме за краток период да биде целосно завршен со што би се решил проблемот со водоснабдувањето кој со години го имаат жителите во овие населени места, вели Паунов.
Проектот за нов резервоар и цевковод во Таринци е со финансиска вредност од 8,6 милиони денари, од кои 7,2 се преку Министерството за транспорт и врски, а 1,4 милиони денари се од буџетот на Општина Карбинци.