Претседателот на Судски совет го посети опожарениот кумановски суд

opshtina-kumanovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Судски совет на РСМ, Сашко Георгиев рано утрово го посети Основниот суд во Куманово, каде ноќеска околу 2 часот по полноќ избил пожар.

– Во разговор со ВД претседателот на кумановскиот суд Снежана Манев, Георгиев беше информиран дека пожарот бил регистриран во подрумскиот дел во една од просториите каде што се наоѓа архивата со стари предмети, се вели во соопштението од Судски совет.


Георгиев, како што информираат од Судски совет, изразил надеж дека последиците од пожарот што поскоро ќе бидат санирани, а криминалистичките вештачења и преземените истражни дејствија завршени во најкус можен рок, за да се откријат причините за несреќата и обемот на направената штета.

Од Судски совет, посочуваат дека Георгиев е во постојана комуникација со ВД претседателката и пожарникарните служби, на кои им понуди дополнително ангажирање и на други служби, со цел успешно да се изгасне пожарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK