Азербејџан го прекина сообраќајот меѓу Ерменија и Нагорно Карабах

azerbedzan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Азербејџанските власти денеска соопштија дека „привремено“ го прекинале патниот сообраќај на коридорот Лачин, единствениот пат што ги поврзува Ерменија и Нагорно Карабах.

„Привремено е прекинато минувањето преку граничниот премин Лачин“, соопштија азербејџанските граничари, додавајќи дека мерката е преземена поради откривање на шверцерски возила на ерменскиот огранок на Црвениот крст.


Азербејџанските власти соопштија дека е отворена кривична истрага и дека граничниот премин ќе биде затворен додека не се завршат „неопходните истражни мерки“.

Од декември, Ерменија го обвинува својот сосед за блокирање на снабдувањето во регионот Нагорно-Карабах и за создавање хуманитарна криза со блокирање на тој коридор.

Ерменскиот огранок на Црвениот крст на крајот на јуни објави дека медицинските испораки во болниците во Нагорно-Карабах, како и транспортот на тешко болни пациенти, биле прекинати низ тој коридор.

Ерменија и Азербејџан се во конфликт од 2020 година за контрола на регионот Нагорно-Карабах. Конфликтот заврши со мировен договор со кој се призна победата на азербејџанските сили. Договорот е постигнат со помош на Русија.

Оттогаш руски војници се стационирани во Нагорно Карабах, но Ерменија веќе неколку месеци реагира за „нивна неефикасност“. Изолацијата на Русија на меѓународната сцена, поради конфликтот во Украина, го ограничува и просторот за маневрирање на Москва.

Нагорно-Карабах, претежно ерменска територија, се отцепи од Азербејџан, што доведе до војна во која загинаа околу 30.000 лица во 1990-тите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK