Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на денешната прес-конференција изјави дека евентуалното членство на Украина во НАТО ќе има „многу, многу негативни последици“ за европската безбедност и ќе бара „разбирлива реакција“ од Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Го знаете целосно јасниот и конзистентен став на Руската Федерација дека членството на Украина во НАТО ќе доведе до многу, многу негативни последици за веќе полууништената безбедносна архитектура во Европа и ќе претставува закана за нашата земја. Ќе биде потребна доволно разбирлива и цврста реакција, посочи Песков.
Тој додаде дека Украина се обидува да влијае на сите за темата за нејзиниот влез во НАТО.
– Свесни сме дека во моментов има доста живи дискусии меѓу земјите-членки на Алијансата, и во пресрет на Самитот. Има различни гледишта за тоа што се случува. Знаеме дека режимот во Киев се обидува да влијае на сите со различни методи за да можат што повеќе земји да се изјаснат за солидарност по ова прашање во пресрет на нивниот собир, нагласи Песков.