Заштитата на биолошкиот диверзитет, почвата и водите, иницијативите за подобрување на квалитетот на воздухот и подобрата заштита на граѓаните и животната средина, ќе бидат главни теми на денешната неформална средба на министрите задолжени за животна средина на земјите членки на ЕУ, што ќе се одржи во шпанскиот град Ваљадолид.
На средбата ќе стане збор и за новата Директива за амбалажа и отпад од амбалажа, со која се предвидува до 2030 година целокупната амбалажа на пазарот на ЕУ да може повторно да се користи или да се рециклира на економски одржлив начин, како дел од напорите за зајакната контрола на загадувањето, спроведување на процесот на транзиција кон моделот на циркуларна економија и намалување на отпадот.
Министрите ќе разговараат и за примената на најсовремени технологии во хемиската индустрија, како и за пофункционално управување со водите и третманот на отпадните води.