СДСМ: Мицкоски брани криминал и сака да биде судија и обвинител, тоа нема да се случи

sdsm
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мицкоски брани криминал и сака да биде судија и обвинител, тоа нема да се случи

Случајот Феникс го потврди криминалот на ДПМНЕ, но го покажа и вистинското лице на Мицкоски кој го брани криминалот во Скопје 2014.


Нема промена во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија од времето на Никола Груевски.

Мицкоски сака да биде судија и обвинител, тој да дели правда, да кажува кој треба да одговара а кој не треба за сторен криминал.

Исто како Груевски.

Тоа од една страна е рушење на правниот поредок на земјата а од друга страна желба за ставање над Законот и Уставот.

Ниту е Мицкоски над Законот ниту над Уставот и желбата на Мицкоски нема да се исполни.

Сите што се огрешиле ќе сносат одговорност преку соодветна законска постапка и пред надлежни судски институции.

Центар за комуникации со јавноста 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK