САД без НБА ѕвездите на Светското првенство

usa-fiba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Соединетите Американски Држави ќе настапат на претстојното Светско првенство без суперѕвездите од НБА лигата, што стана јасно откако селекторот, тренер на Голден Стејт, Стив Кер, денеска го објави списокот со 12 кошаркари.

Во американскиот состав, сепак, сè уште има четири членови на Ол Стар екипи, и тоа се Тајрес Халибартон (Индијана), Ентони Едвардс (Минесота), Брендон Инграм (Њу Орлеанс) и Џерен Џексон јуниор (Мемфис).


Најдобриот „руки“ изминатата сезона, крилниот кошаркар на Орландо, Паоло Банчеро, исто така е дел од американската репрезентација.

Преостанатите имиња на списокот на селекторот Кер се Џален Брансон (Њујорк), Остин Ривс (ЛА Лејкерс), Микал Бриџс (Бруклин), Џош Харт (Њујорк), Камерон Џонсон (Бруклин), како и Вокер Кеслер (Јута) и Боби Портис (Милвоки).

-Уверен сум дека оваа група играчи добро ќе ја претстави нашата земја, со работа, талент и посветеност за заедничка победа, рече Кер, кој изрази уверување дека петкратниот светски првак „ќе игра за златниот медал“ на претстојното Светско првенство, кое од 25 август до 10 септември ќе го организираат Јапонија, Филипини и Индонезија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK