Полициски службеници од ОВР Виница вчера го лишиле од слобода Б.К.(26) од беровското село Двориште затоа што при контрола е констатирано дека врши превоз на огревно дрво без соодветна документација.
Како што соопшти МВР, акциската контрола на полицијата од ОВР Виница, во содејство со Шумска полициска станица Виница, била вчера околу 16.20 часот на регионален пат на место викано „Пекланска крстосница“.
Б.К. управувал товарно возило со беровски регистарски ознаки.
МВР најави дека по целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.