Милатовиќ пред посетата на Белград: Најважниот сегмент е целосна нормализација на односите

milatovik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, денеска изјави дека фокусот на неговата претстојна посета на Белград, на 9 и 10 јули, ќе биде целосното нормализирање на односите со Србија како важен економски партнер, пренесоа подгоричките медиуми.

Во изјава за РТЦГ, Милатовиќ потсети дека ќе се сретне со српскиот претседател, Александар Вучиќ и најави дека ќе го покани да ја посети Црна Гора.


-Вучиќ беше на мојата инаугурација. Сигурен сум дека ќе дојде, изјави Милатовиќ.

Тој посочи дека најважен сегмент од посетата ќе биде обновувањето на дипломатските односи на ниво на амбасадори, бидејќи ниту Србија има амбасадор во Подгорица, ниту Црна Гора амбасадор во Белград.

Акцентот ќе биде ставен и на други теми: економска соработка, заеднички инфраструктурни проекти, заеднички пат кон Европската унија, но предуслов е темата за амбасадорите, изјави Милатовиќ.

Тој најави и дека ќе положи венец на Споменикот на непознатиот херој во Авала.

-На овој начин ќе и оддадам почит на заедничката историска борба на Србија и Црна Гора. Граѓаните на Србија и помогнаа на Црна Гора, па на тој начин ќе ја заокружиме посетата, заклучи Милатовиќ. с

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK