Судскиот совет ја прифаќа идејата да биде „под лупата“ на оценска мисија на ЕУ

gir
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судскиот совет ја поздравува и ја прифаќа идејата на амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир да се испрати оценска мисија за работата на ова тело. Премиерот Димитар Ковачевски ја поддржува оценската мисија, додека вицепремиерот Бојан Маричиќ вели дека имиџот на Судскиот совет е слика за целото правосудство и добро е што доаѓа европската мисија која врши мониторинг врз работата на оваа институција.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, во рамките на кампањата „ЕУ со тебе“ денеска ќе ја посети општина Гостивар.


Евроамбасадорот Дејвид Гир во телевизиско интервју изјави дека Европската Унија испраќа оценска мисија во Северна Македонија за работата на Судскиот совет, по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци. Гир кажа дека тоа веќе и е предложено на Владата и се надева дека ќе се реализира најбрзо што може, бидејќи, како што вели, работата на Судскиот совет мора да се поправи.

Судскиот совет вчера во соопштение посочува дека високо ги цени напорите на ЕУ, но и личниот ангажман на амбасадорот во изнаоѓање на конкретни решенија, кои треба да доведат до тоа оваа институција да може докрај да ги оствари своите законски надлежности, но и уставната мисија која е во функција на штитење и промовирање на независноста, професионалноста и интегритетот на судството и на судиите.

-Членовите изразуваат целосна подготвеност за отворена и транспарентна соработка со надворешни и домашни непристрасни и објективни експерти, бидејќи сметаат дека само на тој начин ќе се добие многу пореална и вистинска слика за функционирањето  и начинот на одлучување во Судскиот совет, стои во соопштението.

Во него се наведува и дека Судскиот совет деновиве е изложен на жестока и неаргументирана медиумска и политичка кампања, како и притисок од невладиниот сектор со отворени повици за оставки.

-Од Судскиот совет изразуваат голема загриженост од фактот што во изминативе недели, ова тело е изложено на жестока и неаргументирана медиумска и политичка кампања, како и  притисок од невладиниот сектор со отворени повици за оставки, со намера комплетно да се дезавуира кредибилитетот на членовите, но и угледот на институцијата во целина. Потсетуваме дека Судскиот совет е значајна и неопходна алка во правосудниот систем, како и важен сегмент на реформскиот пат на Република Македонија во евроинтегративните  процеси, се наведува во соопштението.

Членовите, како што се додава, „се свесни за лошата перцепција што е креирана во јавноста во изминатите месеци, но одбива да прифати дека работи нелегитимно и се носат незаконски и неаргументирани одлуки, со кои наводно се штитат нечии лични или партиски интереси“.

-И покрај тоа што сите седници на Судскиот совет се јавни, остануваме разочарани што јавноста и граѓаните веќе подолг период остануваат покуси и неинформирани за голем број активности што ги спроведува во моментов Советот, а кои опфаќаат интензивна  работа околу редовната оценка на судиите, избор на нови судии од редот на академците, како и  на претседатели на судови, посети, извештаи, постапки за утврдување на одговорност на судии, се наведува во соопштението.

Судскиот совет, се посочува на крајот од соопштението, уште еднаш потврдува дека останува докрај подготвен за соработка со амбасадорот Дејвид Гир, за да може отворено да се разговара за сите прашања и предизвици што стојат пред судството и државата во иднина.

ППремиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама рече дека ја поддржува оценската мисија што Европската Унија ја најави за работата на Судскиот совет, но и дека не е првпат да има ваква мисија од Унијата.

-Ова е тема на која јас со евроамбасадорот Дејвид Гир имам разговарано пред една и пол година, со оглед дека нашиот судски систем е независен од Владата, е независен од било кого во светот, кажа Ковачевски.

Потсети на реформите во судството, каде на почетокот судиите беа бирани во Парламент, па имаа мандати, па потоа се премина на друго решение, и на крај, вели, сега имаме решение во кое судиите имаат доживотен мандат, се бираат од страна на судски совет, како независно, стручно тело кое има свој интегритет, и оценката за нив повторно ја даваат повторно судии од Судски совет. Ковачевски повтори дека тоа е тело кое само се бира, само се оценува и самото дава анализа што направило.

Имиџот на Судскиот совет е слика за целото правосудство и добро е што доаѓа европската мисија која врши мониторинг врз работата на оваа институција, оцени вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

За емисијата Трилинг вицепремиерот оцени дека оценската мисија е еден добар чекор и Владата ќе го прифати.

-Она што сакам д го кажам за оценската мисија мислам дека е тоа добар сигнал и дека ние треба да го искористиме како можност. Владата тоа мора да го прифати и мислам дека за тоа никој нема дилема и тоа е пред се порака до Судскиот совет и до тоа што се случуваше во изминатиот период, рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакнува дека ние сме држава кандидат за членство во ЕУ и механизмите на ЕУ, извештаите на ЕУ, секогаш ни биле инструмент за подобрување.

– Кучна улога во разрешување на политичката криза во Северна Македонија беше Извештајот на Прибе од 2015 година којшто ги исцрта линиите по коишто треба да се движи државата. Дел од тоа е исполнето, дел не е, вели Маричиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK