Од верските календари

ikoni_56766775
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 јуни.

Светата маченичка Агрипина


Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоухание на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, се дури не ѝ ги скрушија коските. Ѝ се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника ѝ ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света Агрипина. Од нејзините мошти стануваа безбројни чуда. Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маченичка од пред градот во којшто беа положени. Света Агрипина се упокои во 275 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е 6 јули.

Света Марија Горети

Денешна заштитничка е Марија Тереза ​​Горети, италијанска маченичка. Родена е на 16 октомври 1890 година во малото гратче Кориналдо (провинција Анкона, Марке) во сиромашно селско семејство. Нејзините родители се преселиле во Фериере ди Конка, недалеку од Нетуно во Лацио, каде што изнајмиле имот заедно со вдовецот Џовани Серенели и неговиот син Алесандро. Таткото на Марија, Луиџи, починал од маларија и зад себе оставил вдовица со шест слаби деца, од кои Марија била најстарото девојче, а во моментот на смртта на нејзиниот татко имала само девет години. Додека мајката Асунта работеше на имотот, Марија, како возрасна, се грижеше за домаќинството, за нејзините помлади браќа и сестри и мораше да готви, шие и чисти за своето семејство и Серенелиите. Таа беше побожна девојка, често со бројаница во раката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK