– Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 13,3 отсто, a во однос на декември 2022 година е зголемен за 2,8 проценти.
Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во однос на истиот месец опретходната година, е зголемен за 12,2 отсто..
Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година во споредба со мај 2023 е зголемен за 0,3 проценти. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2, Алкохолни пијалаци за 1 и Безалкохолни пијалаци за 0,5 отсто.