Трамп одобри прво воено погубување со стрелање по Втората светска војна


2741666.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пентагон објави дека поранешниот мајор од американската армија, Нидал Малик Хасан, ќе биде погубен со стрелачки вод, пренесува Би-Би-Си.


Хасан, мајор во американската армија и лекар, застрела и уби 13 невооружени американски војници и рани уште 32 лица во воената база Форт Худ во 2009 година. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, на социјалните мрежи објави дека министерот за одбрана Пит Хегсет препорачал погубување, а претседателот Доналд Трамп го одобрил тоа.

Ова ќе биде прво воено погубување со стрелачки вод од крајот на Втората светска војна. Хасан беше прогласен за виновен по 13 точки од обвинението за убиство со умисла и 32 точки за обид за убиство. Поротата составена од 13 воени офицери едногласно препорача смртна казна.

Парнел соопшти дека министерот за армијата ќе ги одреди времето и местото на погубувањето. „Конечно дојде денот кога Хасан ќе одговара за своите постапки“, напиша тој на платформата „Икс“.

Нападот се случи во преполна медицинска зграда.
Хасан, воен психијатар од Вирџинија, уби 13 војници во базата во Тексас во 2009 година. Подоцна, за време на воениот судски процес, тој призна дека е напаѓачот и се извини за „сите грешки“. За време на судењето во 2013 година, тој изјави дека верувал оти ги штити муслиманите и Талибанците во Авганистан. Убиствата извршени на 5 ноември 2009 година претставуваа најсмртоносниот напад врз американска воена база што не бил поврзан со борбени операции. Нападот се случи во преполна медицинска зграда, каде што војниците кои се подготвувале за распоредување чекале на лекарски прегледи и вакцинација.

За воено погубување е потребно одобрение од претседателот
Хасан е еден од четворицата затвореници кои моментално чекаат извршување на смртна казна во рамките на воениот систем на САД. Според военото право, за извршување на воена смртна казна потребно е одобрение од претседателот на САД.

Пред да може да се изврши казната, потребни се и постапка за жалба и конечна одлука во врска со нејзината законитост. Последното лице погубено во воениот систем бил војникот Џон Бенет, кој бил обесен во 1961 година поради силување 11-годишно девојче.

Во 1983 година, Воениот апелационен суд на САД ја прогласил воената смртна казна за неуставна, но таа била повторно воведена една година подоцна со извршна наредба на тогашниот претседател Роналд Реган. Воените погубувања се разликуваат од оние што се спроведуваат на ниво на сојузните држави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK