Бауер: Украина нема да добие авиони Ф-16 од НАТО се додека трае контраофанзивата

f16
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, холандскиот морнарички офицер, Роб Бауер, ги „олади“ Украинците за можноста земјата да добие борбени авиони од Запад за време на нејзината сегашна контраофанзива.

„Дискусијата за ловците е важна, но нема да биде решена за краток рок, додека трае контраофанзивата, рече Бауер, за британската радио станица ЛБЦ, пренесен од „Киев Индепендент“.


„Обуката на пилотите, обуката на техничарите, осигурувањето дека постои логистичка организација која всушност може да ги одржува овие авиони, нема да биде достапна пред крајот на оваа контраофанзива“, додаде тој.

Ставот на Бауер доаѓа откако голем број земји, вклучувајќи ги САД, Данска и Холандија, станаа поотворени за испраќање борбени авиони во Украина.

Данска минатата недела почна обука за украинските пилоти на авионите ловци Ф-16. Данскиот В.Д. министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, на 26 јуни кажа дека Копенхаген „презел чекор за отпочнување со обука и дополнителна едукација на украинските пилоти“.

Меѓутоа, испраќањето на авионите до украинската војска не е целосно потврдено. За да се случи тоа, Поулсен алудираше на следење на водството на САД за овозможување на таквите авиони.

„Верувам дека многу луѓе се разочарани од таквите вести“, изјави за „Њусвик“ пензионираниот полковник на американските воздухопловни сили, Џефри Фишер, кој со месеци притиска во Украина да се испратат авионите Ф-16. „Проценуваме дека пристигнувањето на Ф-16 во Украина ќе се случи во октомври“, додаде тој.

„Постојат силни индикации дека овие напори не се одвиваат толку брзо како што може. Недостигот на воздушна моќ за поддршка на контраофанзивата ќе значи повеќе жртви на бојното поле“, заклучува тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK