Фидан: Палењето на Куранот во Шведска поставува прашања за нејзините квалификации за НАТО

fidan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан рече дека неуспехот на шведските власти да го спречат палењето на Куранот на протестот во земјата предизвикува загриженост за безбедноста и поставува прашања за тоа колку таа е квалификувана да стане членка на НАТО.

Фидан рече дека Турција сепак ќе и даде зелено светло на Шведска да се приклучи на воената алијанса доколку Стокхолм ја „заврши својата домашна задача“ и продолжи со напорите за решавање на прашањата што ја засегаат Турција.


„Toa што шведскиот безбедносен систем не беше способен да ги спречи провокациите и што претставуваше слика на држава која носи проблеми во НАТО, наместо сила, не наведува да размислуваме за стратешките и безбедносните аспекти“, рече Фидан.

Стравувајќи дека би можеле да станат мета на Москва по рускиот упад во Украина минатата година, Шведска и Финска побараа прием во НАТО.

Сепак, кандидатурата на Шведска е блокирана од Турција, која ја обвинува дека е попустлива кон групите кои Анкара ги смета за безбедносна закана.

Турција е незадоволна поради серијата демонстрации одржани во Шведска од приврзаниците на Курдската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција, како и од протестите на кои беше запалена светата книга Куранот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK