Штипското комунално претпријатие „Исар“ доставило пет Предлог одлуки до Советот на Општина Штип со коишто ќе се бара излез од лошата финансиска состојба. Директорот на ЈП „Исар“-Штип Кирил Зајков денеска изјави дека финансискиот извештај е завршен, а одлуките треба да помина на седница на Совет која е закажана за во петок. Посочува дека предвидено е редуцирање на бројот на вработени и продажба на имот на претпријатието во Градскиот пазар во Штип, ќе има забрана за исплата на прекувремени саати, како и одлука за отпишување на законската камата која претпријатието ја плаќа на Министерството за финасии. Зајков очекува со овие мерки кои се за период од шест месеци се очекува претпријатието да застане на нозе и да финансиски да се стабилизира.
-Петте предлог одлуки кои ЈП „Исар“ги побара и ги достави до Советот на Општина Штип се замрзнување за идни вработувања во период од шест месеци, намалување на бројот на вработени од 30 луѓе, забрана исплата на прекувремени саати на сите единци освен единицата Водовод, продажба на имот со кој ќе добиеме директни пари со кои ќе се преброди шестмесечниот период на кој се однесуваат овие мерки и една од поглавните мерки е донесување одлука од страна на совет за отпишување на законската камата која Министерството за финасии ја наплаќа на ЈП и е сеиозна пречка за ликвидноста за претпријатието, вели Зајков.
ЈП „Исар“ минатиот месец со ребаланс на буџетот доби пари од Општина Штип за да се одблокира сметката. Директорот на претпријатието, Зајков и градоначалникот, Иван Јорданов на прес конференциите во неколку наварти потенцираа дека граѓаните нема да почувствувстваат на свој грб, односно услугите кон нив ќе бидат извршени, а ќе има и капитални проекти.