Идризи побара од албанскиот Парламент да донесе резолуција за осуда на геноцидот врз Чамите во Грција

idrizi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ), и пратеник во албанскиот Парламент, Шпетим Идризи, побара законодавниот дом да усвои Резолуција за “осуда на геноцидот врз Чамите во Грција”.

Во име на партијата, која е позната како партија на Чамите, од собраниската говорница изрази жалење што и Парламентот на Албанија, кој го осудил геноцидот што се случил на Косово, во Босна и сл., се уште нема резолуција за осуда на насилството врз Албанците од Чамерија ( област во северниот дел на Грција).


Според него, Собранието треба да донесе резолуција за заштита на нивните права според Уставот.

– Бараме 27 јуни да биде прогласен за ден на геноцид врз жителите на Чамерија. Како што е општо познато, по Втората светска војна е извршен геноцид врз ова наше население. Беа свирепо масакрирани 2.770 човечки животи, стотина села беа запалени и ограбени, а 30 илјади Албанци избегаа. Стотици други умреле од глад, рече тој.

При тоа побара едноминутно молчење, во знак на почит кон сите жртви во Чамарија, што и беше направено.

– Ова почитувано собрание донесе многу резолуции, предизвика со право да се почитуваат таквите геноцидни случаи, како на пример за Косово, за Босна, за холокаустот, за претставниците на Црвениот крст во Камбоџа, и многу добро направивме зашто овој спомен ни помага ваквите случаи никогаш да не се повторат. Жал ми е што сè уште нема изјава или резолуција од овој парламент за отстранување на законот за војна со Грција и унапредување како обврска и од Уставот за прашањето за Албанците од Чамерија, рече тој.

Грчките власти во континуитет изјавуваат дека за нив не постои никакво прашање за Чамите и бараат од албанските власти да го избришат од учебниците по историја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK