Вкупно 313 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акцијата на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава.
Како што информира МВР, од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 165 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 148 надвор од населено место.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението од МВР.