Во организација на компанијата Витаминка, во Запрешиќ, Хрватска се одржа четвртиот турнир во голф „Витаминка опен“. На турнирот учествуваа околу 30 натпреварувачи, професионални и рекреативни голфери, од Хрватска кои се натпреваруваа за првото место и признание во официјалното голф рангирање.
Ова е четврт пат да се организира „Витаминка опен“ и стана веќе традиција. Бројот на натпреварувачи и учесници секоја година се зголемува што зборува за популарноста на овој спорт.
– Идејата за создавање на традиционалниот голф турнир произлегува од посветеноста на компанијата кон поддршка на спортските активности и секаков вид спорт, индивидуален или колективен. Овој настан е уште една потврда за развиената општествена одговорност на Витаминка за поддршка на спортски и граѓански манифестации и иницијативи како во Македонија, така и надвор од неа соопштија од компанијата Витаминка.
Турнирот се одржа во петокот на терените на Голф центарот „Нови двори“, домаќин беше Голф-клубот Бан Јелачиќ. Покрај љубителите на овој спорт, имаше и претставници на фирми од Хрватска кои активно соработуваат со Витаминка.