– Хрватскиот фудбалски репрезентативен Марсело Брозовиќ (30) од денеска и официјално е член на саудиски прволигаш Ал Наср.
Брозовиќ потпиша тригодишен договор и со тоа стана нов соиграч на Португалецот Кристијано Роналдо, кој се пресели во саудискиот клуб во декември лани.
„Сите го сакаа. Но, тој нè сакаше само нас“, објави попладнево Ал Наср.
Финансиските детали за трансферот на Брозовиќ од Интер во Ал Наср официјално не се обелоденети, но се шпекулира дека саудискиот клуб платил обесштетување од 18 милиони евра, а хрватскиот репрезентативец ќе заработува по 30 милиони евра по сезона.