Белата куќа денеска соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата на окупираниот Западен Брег, каде израелските сили го нападнаа градот Џенин со дронови, како дел од една од најголемите операции во областа во последните 20 години.
Портпаролот на Белата куќа рече дека Вашингтон ги видел извештаите и оти внимателно ја следи ситуацијата.
Портпаролот нагласи дека САД го поддржуваат правото на Израел да го брани својот народ и безбедноста од Хамас, палестинскиот Исламски џихад и другите терористички групи.