Манчестер jунајтед оваа недела би можел да понуди 50 милиони евра и бонуси за Онанa

onana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Манчестер јунајтед се оптимисти за успех околу преговорите со голманот на Интер, Андре Онана.

Според „La Gazzetta dello Sport“, во Манчестер јунајтед се убедени дека на „Олд Трафорд“ ќе го донесат Камерунецот. Тренерот Ерик тен Хег лично му рекол на голманот со кој соработувал во Ајакс дека клубот ќе направи максимални напори за да го ангажира.


Првиот официјален предлог би можел да биде направен веќе оваа недела. Интер побара 60 милиони евра, Јунајтед планира да понуди 50 милиони евра и бонуси.

Онана е дел од Интер од 2022 година. Претходно шест години бранеше во Ајакс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK