Националната установа Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” од Делчево ја изготви Нацрт-предлог годишната програма за 2024 година. Програмата како што информираше директорот на установата Љупчо Петровски содржи проекти од областите кои функционираат во рамки на установата.
– Во Нацрт-предлог годишната програма за 2024 година се содржани вкупно 41 проект, а меѓу нив најголем акцент ставивме на проектите од областа на сценско музичка дејност и фолклор, проектите од областа на манифестации и фестивали, како и проекти од областа на литературно трибинска дејност, информира Петровски.
Она што според директорот на установата е најважно е што се планирани и неколку проекти за одржување на објекти со кои раководи установата.
-Тоа се проекти од областа на инвестиционо одржување на објекти кпи се некплку такви предвидени за наредната година. Секако тука е опфатена и ликовната и драмската дејност, а предвидена е и меѓународна соработка со установи од соседните држави преку проекти од областа на меѓународна дејност, додаде Петровски.
Тој изрази надеж дека Нацрт-предлог годишната програма за 2024 година ќе биде целосно прифатена од страна на Министерство за култура, се со цел делчевчани да имаат примамлива културна понуда и во наредната 2024 година.