На 30.06.2023 во 03.30 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи – ОКР Кисела Вода при СВР Скопје биле лишени од слобода тројца малолетници од Скопје.
Како што информира денеска МВР, тие биле затекнати при обид да извршат кражба од патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки. Притоа, кај нив бил најден мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки на кој превезувале предмети одземени на 29 и 30 јуни годинава од други четири патнички возила, со што биле расчистени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои едното во обид.
Во присуство на родители извршени се разговори со малолетниците кои го појасниле начинот на кој ги сториле кривичните дела. Одземените предмети се вратени на сопствениците. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.