Експлозија во близина на воздухопловна база на југот на Русија

eksplozija-rusija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голема експлозија ја потресе областа Краснодар во јужна Русија, во близина на воздухопловна база.

Како што пренесува Aл Џазира Балканс, сликите на платформата за пораки Телеграм покажуваат голем кратер во градот Приморски-Ахтарск и облак од чад.


Градоначалникот на Краснодар, Вениамин Кондратиев изјави дека инцидентот се истражува и дека нема жртви.

Краснодар излегува на брегот на Азовското Море и е блиску до Крим, кој Русија незаконски го анектираше од Украина во 2014 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK