Потпишувањето на Договорот за Партнерство со ЕУ во Програмата „Дигитална Европа“, професионалната администрација која ќе ги исполнува европските стандарди, се само дел од темите на кои ќе се разговара на денешниот брифинг на министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, со медиумите.
Нашата цел, велат од МИОА, е да се информира јавноста за активностите што ги спроведува Министерството.
На брифингот со министерот, додаваат оттаму, покрај за споменатите ќе се разговара и на други теми од интерес на јавноста.