УК за Кардиологија: Салите за ангиографија функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи

klinika kardiologija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Универзитетска клиника за кардиологија ги демантира изнесените наводи дека салите за ангиографија се поплавени и информира дека салите функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи.

– Во врска со изнесените наводи дека салите за ангиографија се поплавени, УК за кардиологија ги демантира изнесените наводи. УК за кардиологија ве известува дека се има појавено вода во една од просториите и дека се е во најдобар ред и направени се итни интервенции, и салите за ангиографија функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи, се вели во соопштението од УК за Кардиологија.


Претходно од Центарот за управување со кризи информираа дека до ЦУК Скопје пријавено е дека и на Клиниката за Кардиологија се поплавени подрумските простории.

– До ЦУК Скопје пријавено е дека и на Клиниката за Кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција, се вели во соопштението до медиуми од ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK