Барнс: Оваа можност за регрутирање шпиони во Русија не се пропушта

barns
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска изјави дека незадоволството во Русија од војната во Украина е можност што се појавува еднаш во генерација за регрутирање шпиони и дека неговата агенција не ја пропушта таа можност.

-Аверзијата кон војната ќе продолжи да го јаде руското раководство под постојаната државна пропаганда и практикуваната репресија, рече Барнс, поранешен американски амбасадор во Москва, на предавање во британската фондација Дичли во Оксфордшир, Англија.


Тој изјави дека вооружениот бунт на платеничкиот водач Евгениј Пригожин го покажал корозивниот ефект врз Русија од војната на претседателот Владимир Путин во Украина.

Барнс го опиша бунтот како „вооружен предизвик за руската држава“, но рече дека тоа е „внатрешна руска работа во која САД немаат и нема да имаат учество“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK