Санчез во Киев: ЕУ е решена да и помогне на Украина во борбата против руската агресија

sancez_3453553
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој е во посета на Киев, денеска изјави дека Европската унија е решена да и помогне на Укарина во борбата против руската агресија.

Санчез одржа говор во украинскиот парламент каде рече дека ЕУ ќе биде со Украина онолку долго колку што е потребно, пренесе Бета.


– Тука сум да ја изразам цврстата решеност на ЕУ и Европа против нелегалната и неоправдана руска агресија врз Украина. Ова е агресорска војна. Агресорот и жртвата не може да се третираат подеднакво, а игнорирањето на правилата не треба да се наградува на кој било начин. Затоа го поддржуваме мировниот план на Зеленски, истакна шпанскиот премиер, чија земја од денеска е нов претседавач со ЕУ.

Осврнувајќи се на можноста за мировни преговори, Санчез кажа дека „само Украина може да ги одреди условите и времето за тоа“.

Санчез во Киев ќе има средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски по што ќе одржат заедничка прес конференција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK