Курти: Не ја јакнеме војската за да нападнеме некого, туку за да го браниме Косово

kurti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово не ја јакне својата војска со цел да нападне некого, туку за да се брани себеси, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната церемонија по повод дипломирањето на новата класа кадети на Центарот за универзитетски студии на Безбедносните сили на Косово (ФСК), Курти напомена дека во изминатите две години во ФСК се регрутирани 1.240 војници, а во процес на регрутирање се уште 612 редовни и 388 резервни војници.


– Со 2.240 војници повеќе во две години, редовите на ФСК се зголемија за 83 отсто. Ние не ја јакнеме нашата војска за ги нападнеме другите, туку за да се браниме самите себе. За едно Косово кое ќе биде побезбедно, поправедно и порамноправно за сите, изјави Курти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK