Привршува реновирањето на повеќе објекти од Здравствен дом Куманово

kumanovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Привршува реконструкцијата на неколку објекти под надлежност на Здравствениот дом Куманово, информираа на денешната прес-конференција од здравствената установа.

Средствата во висина од околу пет милиони денари се обезбедени од Здравствен дом. Опфатена е реконструкција на детскиот диспанзер во централната зграда, позната како Уред, објектот на Итна помош, амбулантата во населбата „Тоде Мендол“ каде поранешната аптека е веќе лабораторија.


– Градежната фирма нѐ извести дека реновирањето е завршено во Уред, „Тоде Мендол“ и Брза помош. Аптеката во „Тоде Мендол“ е пренамената во лабораторија. Во Брза помош каде е сместена итна помош, стоматологија и домашна посета речиси се е завршено. И овде во детскиот диспанзер, работите се при крај. Очекуваме следниот месец да почнеме со работа, изјави директорот на Здравствен дом Фарук Алили.

Привршува и тендерот за набавка на мебел, столови, фасада. – Сѐ ќе биде ново и овде и во останатите објекти, додаде Алили.

Поради реновирање на различните служби од Здравствен дом Куманово граѓаните извесен период ги користат услугите во други објекти од здравствен дом. Вакцинацијата во „Тоде Мендол“, домашна посета и ноќна амбуланта се дислоцирани во бараката на дворот на Општа болница спроти невропсихијатрија, итната помош во Центарот на здравствен дом (Уред), итна стоматолошка служба во школската амбуланта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK