Концерт на џез триото Кондовски, Дробицки и Омерагиќ во КИЦ

koncert-trio
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Културно информативниот центар во Скопје, Салон 19:19, вечер ќе се одржи концерт на џез триото Кондовски, Дробицки и Омерагиќ.

Како што соопштија од КИЦ, станува збор за неконцептуален современ и слободен џез стил во комбинација на фразирање во стилот на класичната музика и импровизации. Импровизациите создаваат композиции конструирани во зададена форма. Издадени се два музички албуми „Away” и „Outcasts” за издавачката куќа PMGJAZZ.


-Албумите се приказни искажани преку музика и генерално раскажуваат четива за имиграцијата, за напуштените домови, за анксиозноста и напуштање на младите луѓе за подобар свет, воедно и отпадништвото на уметниците кои се трудат да ја подигнат културата како на глобално, така и на локално ниво. Стилот на неконцептуалност е креирана во слободните импровизации, паралелно со тоа се доловува и приказната за слободното делување како и одговорноста на самата слобода во нас, како луѓе, а пред се како уметници, информираат од КИЦ.

Концертот е втор во серијалот „unplugged“ концерти кои ќе се реализираат во Салон 19:19 во рамки на годишната музичка програма на Културно информативен центар – Скопје за оваа година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK