Локалната самоуправа на Општина Кратово најавува богата културна програма на возобновената манифестација „Златни денови” што ќе се одржи следниот викенд, 7 и 8 јули.
-Со особено задоволство најавуваме дека по неколку години пауза се подготвува петтото издание на културно- забавната манифестација „Златни денови”, Кратово 2023 година, а како организатори, најавуваме дека ќе бидат денови за паметење со многу дружење, добра музика, забава и еуфорија со најпознатите македонски музички ѕвезди од народната и забавна музичка сцена, најавија од општина Кратово.
Првата вечер е резервирана за традиционална македонска музика и новокомпонирани народни песни во изведба на: оркестарот „Кратовски Тамбураши”, етно состав „Мелем”, оркестар „Скопски боеми”, популарните Благица Павловска, Јордан Митев, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Елена Јовческа, Браќа Нуне и Драган Темелков – Џони.
Во сабота, односно на 8 јули сцената на плоштадот во Кратово ќе биде резервирана за: рок бенд „Д’фендерс”, Ламбе Алабаковски, Нокаут, НекстТајм, Суперхикс и ди-џеј Ерик Фокс.