Отец Пимен: Црквата векови прогон и убивања претрпела од цареви земни силни и режими. И не замолчувала. И денес не замолчува.

pimen_34534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

И така. Демократијата ете за сѐ имала решение.

Маргинализиран си. Отвораш невладина и добиваш право на црквата да и одредуваш место на маргините на општеството. Ти имаш право на мислење и слобода а верникот нема.


Без гајле, знаеме ние кај ни е местото. Знаеме дека нашата власт не е извршна и дека ако науми државата да донесе некој закон ќе најде начин тоа да го стори. И треба ли да премолчиме, да не кажеме наше мислење?

А знаат ли тие на другата страна дека никој не им дал такво право да ни забрануваат да кажеме свој став?

Црквата векови прогон и убивања претрпела од цареви земни силни и режими. И не замолчувала. И денес не замолчува.

Ќе одолее и на притисокот на неколку невладини и владини невладини организации. Ќе го изнесе својот став и тоа преку љубов, не со омраза.

Се гледаме во четврток.

Фото ФБ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK