Авионско третирање против комарци утре во Кавадарци

kavadarci 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Авионско третирање против комарци ќе се спроведе утре на територијата на општината Кавадарци, информираат од кавадаречката локална самоуправа.

Од Општина Кавадарци известуваат дека првото третирање против комарци за оваа година, ќе се реализира во периодот од пет до седум  часот, од страна на фирмата дау „БОНИЕР“ ДООЕЛ од Куманово.


– Се известуваат сите граѓани како и пчелари, дека во периодот на третирање и 3 – 4 часа потоа, да ги затворат кошниците – сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето, врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за друг ден, информираат од Општината.

Со третирањето ќе биде опфатено течението на реката Луда Мара, од селото Марена, преку целото градско подрачје, село Ваташа,  до брана Моклиште.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK