Герапетритис ја презеде функцијата министер за надворешни работи на Грција

GRcija vlada
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Наша должност е секојдневно да ги браниме суверенитетот и националниот статус и ве уверувам дека во целост ќе го сториме тоа, порача новиот шеф на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис за време на примопредавањето на функцијата во Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Герапетритис  откако и официјално ја презеде функцијата од службениот министер за надворешни работи Василис Каскарелис, му се заблагодари на претходниот шеф на дипломатијата од редовите на Нова демократија, Никос Дендиас, за кој рече дека имал „успешен мандат“ што резултирал со „зајакнување на безбедноста на земјата, на просперитетот и на меѓународниот престиж“ .


Дополнително порача дека лично за него е голема чест што ја презема функцијата, но паралелно сноси и голема одговорност.

-Грчката надворешна политика беше и ќе остане политика на принципи, политика која се основа на меѓународното право, инспирирана од Повелбата на Обединетите Нации и цели кон регионална соработка и стабилност, истакна Герапетритис.

Паралелно за време на примопредавањето на функцијата ги претстави неговите заменици, Александра Пападопулу, искусна дипломатка, амбасадорка на Грција во САД која во минатото беше и амбасадорка во Скопје, Јоргос Коцирас, кој ќе биде надлежен за дијаспората и Костас Франкојанис, кој ја задржува досегашната позиција, одговорен за економска дипломатија и екстровертност.

Претходниот шеф на дипломатијата Никос Дендиас е новиот министер за одбрана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK