Италијанскиот кардинал Матео Зупи, задолжен од папата Франциск, ќе предводи мировната мисија во обид да помогне да се стави крај на војната во Украина. Тој утре и в четврток ќе престојува во Москва.
Целта на оваа иницијатива е да се поттикне чувството за хуманост што може да придонесе за решавање на актуелната трагична ситуација и да се изнајдат начини за постигнување праведен мир, се наведува во денешното соопштението на Ватикан.
Но, не е објавено со кого Зупи ќе се сретне во Москва. Тој на 6 јуни оствари средби со верските поглавари и украинскиот претседател Володимир Зеленски.