Синдикатот на УЈП во текот на денов до МТСП ќе достави нов предлог за помирувач

protest-ujp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) во текот на денов ќе достави нов предлог за помирувач до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) кој треба да изнајде решение за нивното барање за зголемување на платата за 30 отсто какво што неодамна добија дел од вработените во Министерството за финансии.

-По откажувањето на помирувачот Лазар Јовевски, кој требаше да преговара со Министерството за финансии, затоа што бил во странство и не можел да се врати за три дена во текот на денов ќе доставиме нов предлог за помирувач до МТСП. Предлогот потоа треба да биде потврден од Министерството по што ќе има три дена за да изнајде решение, изјави Васе Неданоски од Синдикатот на УЈП за МИА.


Во меѓувреме, вработените во УЈП ќе продолжат со протестот од 10 до 12 часот секој ден.

-Доколку не се изнајде решение за неколку денови ќе се активира одлуката за генерален штрајк при што ќе ги искористиме сите можности што ни се на располагање, посочи Неданоски.

Вработените во УЈП веќе три недели протестираат со барање да се почитува постојниот Колективен договор и да им се зголемат платите за 30 отсто исто како што тоа беше направено за дел од вработените во Министерството за финансии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK